Ленди Груп ДООЕЛ Скопје е основана на 17.01.2012 година како Друштво за градежништво, трговија и услуги. Составена од тим кој брои повеќе од 150 вработени како и широк спектар на сопствена механизација, главна дејност на фирмата е изведба на објекти од нискоградбата. Фирмата поседува лиценца А за изведба на градби од прва категорија и во својата историја има сработено голем број на проекти кои и ден денес говорат за тоа каква фирма е Ленди Груп.